Вести Македонија

Стојковски: Прашањето не беше дали ОБСЕ ќе продолжи да постои, туку во каква форма

Експертите во Топ Тема на Телма како пресилно го оценија тврдењето на Османи, дека ОБСЕ бил спасен во Скопје. Според нив организацијата фунцкионирала, иако отежнато поради блокадите, но не сметаат дека на Министерскиот совет во Скопје се одлучувало за иднината на ОБСЕ:

Последните 2 години покажаа дека и во вакви услови ОБСЕ си функционираше. Има различни функции, ние самите сме свесни дека си функционираше мисијата, тоа беше многу отежнато, меѓутоа јас не можам да поверувам дека судбината и опстанокот на ОБСЕ зависи само од една земја членка, во ситуација кога има 57 зеји членки со право на вето. Да беше така ОБСЕ до сега 57 пати ќе се распаднеше. Има тешкотии проблемот е што мислам дека ОБСЕ ќе беше повидлив и поефективен ако немаше таква блокада. Реално блокадата за тоа и служеше, бидејќи во моментов ОБСЕ најмногу од своите напори треба да ги потроши на војната во Украина, на кршењето на човековите права, на воените злосторства, слободата на медиумите во Русија. И тие напори беа попречувани со вакви чекори, оцени уредничката на „Независен“ Слободанка Јовановска.

Андреја Стојковски од Институт „Преспа“ смета дека од аспект на континуитетот на нејзиното водење, односно постигнувањето консензус Малта да го преземе претседавањето со ОБСЕ, советот во Скопје може да се оцени како успешен.

Познато е во историјата период кога организацијата немала шефови на институциите, краток период но познат е таков период, тоа е во времето на претседалството на Албанија, меѓутоа немало ниту еднаш период кога немало претседавач. Можеме ли тоа да го замислиме како тоа ќе излгеда ако немате претседавач, и ако треба да наоѓате начини како ќе го толкувате или како ќе го влечете легитимитетот на кој и да е тој што ќе продолжи да претседава. Тоа беше ризикот и од таа гледна точка, ова е исклучително успешен совет, и од таа гледна точка ние бевме исклучително добро претседателство, рече Стојковски.

Според него, прашањето не е дали организацијата воопшто ќе продолжи да постои, туку во каква форма ќе продолжи да постои.

Организацијата нуди платформа за да дискутираат лидерите на 57 држави, тоа е територија од Ванкувер до Владивосток, една милијарда луѓе, или малку повеќе од една милијарда луѓе. Не е мал простор, и веројатно ќе била далеку поуспешна организацијата ако одлуките се носеле на поинаков начин, со некакво мнозинство, комплицирано. Меѓутоа за да биде вистинска платформа мора да се носат одлуките со консензус. За да даде шанса сите да се чувствуваат еднакви, мора да се носат одлуките со консензус, бидејќи станува збор за организација којашто е настаната во периодот на Студената војна, заради тоа што станува збор за организација која што се обидува да ја премине таа поделба на Европа, рече Стојковски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Вучиќ: Студентските протести „ќе влезат во историјата на срамот“ како највалканата обоена револуција

Дејан Дејан

Српските студенти со огромен протест во Крагуевац

Дејан Дејан

Мицкоски: Македонија мора да добие извесност во напредокот кон ЕУ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе