Вести Македонија Топ вести

Првостепена пресуда за Зекири: Две и пол години затвор и да врати околу 1 милион и 150 илјади евра

Две и пол години затвор и да врати околу 1 милиони и 150 илјади евра. Кривичниот суд ја изрече пресудата за екс генералниот секретар на Владата, Муахамед Зекири. Ги пречекорил службените овластувања. Наместо во постапка за јавни набавки склучил два диркетни договори за консултантски услуги за длабинско снимање на Пошта и за евентална приватизација на Железница, со што со што нанел штета на буџетот,  објаснуваше судијката Фанка Јанчулева Михаиловска. Според законот за јавни набавки за договори со ваква висока вредност Зекири би обврзан да спорведе конкурентна  постапка за јавна набава, анализираше судијката

Зекири ќе се жали пред Апелација. Вели за време судењето не било докажана негова умисла во склучувањето на договорите.

-Јас само сум спровел умисла на други, односно на Владата, кои беа предложени од вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи . Јас спомнав и во мојот завршен збор, примерите во Владата кога се задолжува генералниот секретар, експлицитно се наведува кога е во прашање спроведување на јавните набавки, во овој случај не беше, а исто така и правните советници во Владата не се спротивставија. Не бев јас тој што ги гледаше договорите, туку ги гледаа правни стручњаци во Владата и во ниту еден момент не ми укажаа дека јас не треба да потпишам, изјави по пресудата Мухамед Зекири.

Доколку пресудата биде потврдена на апелација на Зекири му остануваат за издржување уште 11 месеци затоа што повеке од година и половина помина во притвор и домашен притвор. Судијката Го задолжи Зекири на државата да и го надомести имотноправното побарување од 1 милион и 150 илјади евра во рок од 6 месеци од правосилност на пресудата. А објасни и зошто го одбива предлогот на обивнителкта за конфискација на станот на Зекири и парите пронајдени во банкарски сеф на сопругата, рече судијката Фанка Јанчулева Михаиловска.

Судијката објасни дека со измените на КЗ од септември за кривичното дело за кое се гони може да биде казнат од 1 до 5 години затвор. Пред измените му се закануваше казна од 5 до 20 години затвор.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Европратениците утре ќе гласаат за извештајот за Македонија

Дејан Дејан

Ангелов: Имаме доброволци, имаме професионалци од ТППЕ, цврсто сум решен да направам и специјалци пожарникари

Дејан Дејан

Ангелов: Зад сите пожари, би рекол, стои човечки фактор, лани имавме неколку пожари од грмотевици и од допир на жици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе