Од денеска до петок во Македонија ќе се одржува 30от министерски самит на ОБСЕ, на кој ќе присуствуваат голем број делегации и над 1000 учесници, што претставува еден од најголемите настани што некогаш е организиран во земјава.
Се прават и последните подготовки на терен, земјава да се прикаже во светло на добар домаќин, ни и да се прокламира како земја со демократски и организациони капацитети, земја која е способна да биде организатор на големи настани.
Состанокот во Скопје кој ќе стартува денеска според најавите се очекува да го следат повеќе од 200 акредитирани новинари и сниматели… Како најголеми делегации се очекува да бидат руската, американската, но и на други поголеми европски држави… Од она што се знае, руската делегација би броела околу 80 луѓе, меѓу кои и 20-на руски новинари…
Колешката Далиборка Демјанска Цветановски се вклучи со информации во вестите во 12.30