Во НБА-лигата по одиграните натпревари ова утро познати се сите учесници во елиминациите во рамки на НБА Купот.
Лука Дончиќ со 41 поен, девет скока и исто толку асистенции го водеше Далас до победа од 121-115 против Хјустон. Словенецот имаше голема помош и од Кајри Ирвинг, кој постигна 27 поени, а кај Рокетс најмногу се истакна турскиот интернационалец Алперен Шенгин со 31 поен.
Најдобриот тим во лигата Бостон го совлада Чикаго со 124-97, благодарение на тандемот Џејлен Браун и Џејсон Тејтум, кои постигнаа 30, односно 21 поен.
Милвоки во чекор ги следи Селтикс на Истокот, па утринава славеше на гости кај Мајами со 131-124. Јанис Адетокумпо постигна 33 поени со 10 скока, а Демијан Лилард имаше само еден поен помалку.
На останатите натпревари:
Бруклин – Торонто 115-103
Кливленд – Атланта 128-105
Њујорк – Шарлот 115-91
Минесота – Оклахома 106-103
Сакраменто – Голден Стејт 124-123
Елиминациите во НБА Купот започнуваат во понеделник и вторник и се игра по само еден натпревар. Во четвртфиналето ќе се соочат Лос Анџелес лејкерс против Феникс и Сакраменто против Њу Орлеанс на Западот, додека во Источната конференција, Бостон за ривал ја има Индијана, а Милвоки ќе игра со Њујорк.
Победниците ќе се пласираат во Лас Вегас, каде ќе се игра „Фајнл фор“ турнирот.