Вести Македонија Најважни

Повеќе од 24 часа се трага по исчезнатото девојче во Скопје – летоци со слика и опис низ Центар

Темно кафеава коса, кафеави очи, протези на забите и бемка на десната страна на лицето. Ова е фотографијата на Вања која ја нема повеќе од 24 часа. Низ улиците на Дебар Маало и местото каде исчезнала залепени се летоци со нејзиниот лик. Земени се снимки од безбедносните камери од околните објекти по трасата низ која се движела пред исчезнувањето, но таму нема ништо затоа што камерите имаат близок опсег.

Последен пат е видена на булеварот „Партизански Одреди“, во близина на кафулето „Броз Кафе“. Вработените во кафичот велат дека не забележале ништо, но дека полицијата ги проверила нивните камери.

Министерството за внатрешни работи (МВР) официјално денеска го објави исчезнувањето на  девојчето со слика и опис во регистарот за исчезнати лица.

„Ние интезивно работиме. Формиран е штаб при СВР Скопје. Максимално сме посветени при наоѓање на девојчето. Постојано сме во контакт и со семејството. Извршени се низа на разговори со блиски луѓе и со лица со кои мислиме дека можат да имаат податоци и се гледаат видео материјали и се прават мерки кои се потребни за да се расчисти случајот“, изјави Тони Ангеловски, портпарол на МВР.

Објавата на мајката на девојчето вчера беше масовно споделувана и преполна со коментари. Некои од граѓаните предлагаа да се собираат и да го бараат девојчето, да се проверат камерите во близина на Дебар Маало каде последен пат е видена и низа други предлози. Но, истовреме се споделуваа и некои дезинформации и критикување на работата на полцијата. Мајката замолува граѓаните да се воздржат од непотребни коментари.

„Задоволна сум од работата на полицијата, која во текот на ноќта и денес активно ја бара ќерка ми. Замолувам да не се шират дезинформации“, кажа Зорица Ѓорчевска, мајка на исчезнатото девојче, на социјалните мрежи.

Девојчето исчезна вчера откако излегло од дома и тргнало накај училиште. За многу брзо време нејзиниот телефон бил исклучен, а класниот раководител ја информирал мајката дека девојчето не е на часови, по што мајката веднаш пријавила во полиција и започнала потрагата.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Рускиот министер за транспорт пронајден мртов во својот автомобил откако беше разрешен од Путин – се тврди дека извршил самоубиство

Дејан Дејан

Целосно прекинат сообраќајот во двата правци на патниот правец Стенковец – Блаце а затворен и граничниот премин Блаце

Дејан Дејан

Рускиот министер за сообраќај претпладнево доби отказ, попладнево пронајден мртов

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе