Вести Свет Топ вести

Поддршка за Киев, Пекинг не е противник – Столтенберг со пораки по НАТО самитот за Украина и за Кина

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг рече дека министрите за надворешни работи на земји членки на денешниот состанок ја повториле одлучноста за поддршка на Украина на нејзиниот пат кон Алијансата, како и за нејзината одбрана во војната со Русија. Подоцна, во текот на денот, се очекува да стане збор и за ситуацијата на Западниот Балкан.

„Последните денови слушнавме нови големи најави. Германија вети осум милијарди евра за наредната година, Холандија вети над две милијарди евра. Романија отвори центар за обука на украински пилоти на Ф16. Сојузниците, вклучувајќи ги САД и Финска, испраќаат повеќе противвоздушна одбрана и муниција, а 20 земки членки воспоставија коалиција за противвоздушна одрбана во Украина“, рече Столтенберг.

Тој додаде дека шефовите на дипломатиите на земји членки на НАТО изразиле загриженост поради војната на Блискиот Исток.

„Го поздравувам продолжувањето на примирјето меѓу Израел и Хамас. Тоа ја овозможи повеќе од потребната помош за луѓето во Газа, ослободување на повеќе заложници и испраќање на хуманитарна помош“, истакна Столтенберг.

На сосанокот, како што нагласи, станало збор и за односите меѓу НАТО и Кина и за предизвиците што таа претставува за евроатлантската иднина.

„Кина не е противник и поздравувам што сојузниците се впуштаат во дијалог со Пекинг за прашања од заеднички интерес. Во истовреме мора да бидеме јасни во поглед на влијанието на кинеската политика и принудата за нашата безбедност. НАТО ќе остане регионален сојуз на Европа и Северна Америка, но предизвиците со кои се соочуваме се глобални“, порача генералниот секретар на Алијанската.

Сојузниците на состанокот ја одобриле првата квантна стратегија на НАТО, технологии кои може да ја зајакнат сајбер безбедноста и способноста. Постигната е согласност и за унапредување на АВАКС флотата со командни и контролни авион и од новата генерација.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Наместо бројки, партиите треба да презентираат политики за економски раст, сметаат економските експерти

Дејан Дејан

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Екстрадиција на Палевски: Кои се процедурите за испорачување на бегалци

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе