Вести Македонија Топ вести

Од фабрика за марихуана во Чегарне украдени над половина тон марихуана

Три лица физички нападнале вработен во обезбедување на фабрика за производство на марихуана за медицински цели во атарот на гостиварското село Чегране по што со закана со пиштол го затвориле вработениот во една просторија и од фабриката одзеле 41 вреќа со марихуана со вкупна тежина од над 550 килограми марихуана.

Како што информира МВР, кражбата била пријавена во Одделението за внатрешни работи во Гостивар.

Според пријавеното, откако си заминале, вработениот излегол и забележал дека капијата од фабриката била отворена и дека две врати од внатрешниот дел биле искршени.

Во консултација и координација со јавен обвинител, увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Родителите на починатите деца од пожарот во „Пулс“ чекаат одговор на барањата

Дејан Дејан

Трамп испраќа писма со нови царини до трговските партнери

Дејан Дејан

Уште едни неуспешни преговори за прекин на огнот помеѓу Хамас и Израел

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе