Вести Македонија Најважни

Лавров треба да седне пред Специјален Трибунал, наместо на масата на ОБСЕ – Балтичките земји со заеднички став за бојкотот на Самитот

Естонија, Литванија и Латвија ќе го бојкотираат министерскиот состанок на ОБСЕ поради доаѓањето на министерот за надворшени работи на Русија, Сергеј Лавров, во Скопје. Министрите за надворшени работи на Балтичките змеји денеска објавија заедничко соопштение во кое го најавија свое неприсуство на министерскиот Совет на ОБСЕ, во кое изразија длабоко жалење за одлуката Лавров лично да присуствува на состанокот што би и овозможило на Русија, како што наведуваат, само уште една можност за пропаганда.

„Присуството на Сергеј Лавров на министерскиот состанок е ризик од легитимирање на агресорот Русија како вистински член заедницата на слободни нации, банализирајќи ги бруталните злосторства кои Русија ги има направено и поднесувајќи го руското грубо кршење и непочитување на  фундаменталните приципи и обврски на ОБСЕ“, напишаа тројцата министри во соопштението.

Естонскиот министер за надворшени работи, Маргус Цахкна, на платформата „икс“ го напиша и својот личен став дека „Лавров треба да е пред специјален трибунал наместо на масата на ОБСЕ“.

Ладниот туш од Балтикот за иднината на ОБСЕ е засилен и со одлуката на Украина нејзиниот шеф на дипломатија да не доаѓа во Скопје. Украина соопшти дека, Дмитри Кулеба, ќе го бојкотира настанот во Скопје поради одлуката да му биде дозволено на Лавров да присуствува. Убедувањето на домаќинот Македонија Кулеба да присуствува на состанокот траше од моментот кога Лавров побара лично да седне на министерската маса на ОБСЕ во Скопје, се до денеска. Украина своето присуство го најави на пониско ниво.

Неприсуството на трите Балтички држави го отвора прашањето дали земјите-членки на ОБСЕ ќе можат да ги усвојата предвидените одлуки, како идниот претседавач на Организазцијата, за што вчера конечно на амбасадарско ниво консензуално беше усвоена кандидатура на Малта, откако Русија од 2021 година ја блокираше кандидатирата на Естонија.

Дипломатски извори за Телма брифираат дека по вчерашната одлука во Виена за кандидатурата за Малта, за некоја земја да блокира би морала да присуствува на состанкокот во Скопје. Вчерашната пак одлука за Малта беше поздравена од шефот на македонската дипломатија со зборовите дека одлуката на двете тела на ОБСЕ во Виена го отвора патот за идниот претседавач за 2024.

„Одлуката ќе биде потврдена на 30-от Министерскиот совет на ОБСЕ во Скопје“, напиша Османи вчера.

Освен кандидатурата на Малта недоаѓањето на трите држави виси и одлуката за четирите клучни позиции во ОБСЕ – генералниот секретар, високоите претставници за мадиуми и малцински прашања и шефот на ОДИХР за кои до вчера немаше одлука од страна на ОБСЕ и за кои разврска се очекуваше да биде министерскиот состанок во Скопје.

Лавров пак во Македонија доаѓа преку Бугарија која вчера реши да го отвори својот воздушен простор за него. Се уште нема информација дали ќе пристигне утре и дали ќе присуствува на неформалната вечера. Она што се знае е дека ќе има билатерална средба на Османи, во својство на претседавач на ОБСЕ со Лавров, но дека до средба Лавров со државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, нема да дојден.

Блинкен пак е потврдено дека утре доаѓа во Македонија и своето учество на Министерскиот совет на ОБСе ќе го започне со билатерална средба со шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи. Од средбата Османи – Блинкен не се предвидени изјави, по што Блинкен ќе присуствува на неформалната вечера со која ќе стартува состанок на ОБСЕ во Скопје.

Тамара Грнчароска 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бензините поевтинуваат за денар и половина, дизелот поскапува за половина денар

Дејан Дејан

Изгоре човек во пожар кај Ѓорче Петров

Дејан Дејан

Се гасне пожарот во реонот на Блаце

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе