Македонија

Дали Скопската зоолошка градина има адекватна ветеринарна служба ?

Ден по угинувањето на третата и последна жирафа во Зоо- Скопје, активистите за заштита на животните бараат одговори за причината за смртта на Флопи. Стефан Кирков кој повеќе од 2 децении е активист во зоолошката градина вели дека од вработените дознал дека Флопи имала лесна пневмонија и прашува дали е адекватен третманот врз оваа жирафа од страна на ветеринарната служба. Од „ Анима Мунди“ бараат директорот Зоран Попов да се произнесе за случајот , но и да си поднесе оставка. А, од Зоо- Скопје со одговор дека по завршување на обдукцијата, ќе излезат со информации во јавноста.

Стефан Кирков повеќе од две децении е активист во зоолошката градина. Вели , бил запрепастен од веста за угинувањето на жирафата Флопи, вчера. Но, иако побарал официјален одговор , бил целосно игнориран. Но, од вработените неофицијално дознал дека причината за смртта на жирафата била лесна пневмонија, што ја лечела ветеринарна служба која е надворешен соработник на установата.

  • Овде се поставува прашањето, дали немаме соодветен ветеринар, кој е обучен да работи со ваков вид животни? Ако пневмонијата била лесна, со што се терапирало и кој го терапирал тоа животно, прашува зоо -активистот Стефан Кирков.

Иако Зоо- Скопје неодамна го изгуби статусот на членка на Европската асоцијација на зоолошки градини и аквариуми, Кирков најави дека ќе ги извести, за тие да поднесат барање за информација, за угинувањето на Флопи. А , од „Анима Мунди“ прашуваат кој ја мониторира здравствената состојба и безбедноста на животните и бараат стручна анализа за случајот и казни за одговорните.

  • Бараме да се овозможи комплетен видео мониторинг на сите животни 24/7 и увид во видео надзорот на сите живеалишта. Итно да се открие која е причината што вчера почина и младата жирафа Флопи. Каде е раководството на Зоо- Скопје да се произнесе или поднесе оставка, велат од здружението Анима Мунди.

Директорот на Зоо-Скопје, Зоран Попов и вчера и денеска е недостапен за коментар . Од таму преку соопштение велат дека вчерашниот ден им бил најтежок поради смртта на еден од негувателите на Флопи- Ристе Трајковски, но и поради угинувањето на жирафата.

  • Законските процедури и постапки се запазени и се во тек. Штом имаме официјални резултати од обдукцијата на Флопи, веднаш ќе биде известена целата јавност, велат од Скопската зоолошка градина .

Покрај Флопи, во мај годинава угина жирафата Каспер од инфекција со салмонела, а пред неа и Тобого. Па, на зоолошката градина и остана само статуа од жирафа на влезот. Поморот на животни во ова установа трае подолго време, откако за градоначалничка дојде Данела Арсовска, која до сега смени тројца директори. За време на Кристиан Стаменов беа заклани 10 коњи, со образложени дека се болни.Потоа беше поставен Драган Илиевски, а по него актуелниот , Зоран Попов. Во неговиот мандат угинаа и трите ретки пржевалски коњи, а сомнежите беа дека биле намерно отруени.

Сотир Трајков

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Целосно прекинат сообраќајот во двата правци на патниот правец Стенковец – Блаце а затворен и граничниот премин Блаце

Дејан Дејан

Мотоциклистот кој смртно го прегази пешакот Николовски однесен во Шутка – судот му определи затворски наместо домашен притвор

Дејан Дејан

Ќе расправа ли Собранието за интерпелација на претседателот на Уставен – „виси“ точката на Дневен ред

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе