Член на Судски совет иницирал разршеување на претседателката на Врховен Беса Адеми . Порталот СДК МК објави дека членот Миљазим Мустафа кој во Советот влезе преку собрнаието е тој што ја иницирал постпакат за одговорност на Адеми. Од судски ниту ниту потврдуваат ниту демантираат. Официјалниот одговор е дека постапките за одговорност се тајни. Од врховен велат дека не се известени дека е иницирана постапка против Адеми. Ова следува по интервјуто на Адеми во кое говореше за политички притисоци врз судиите и како еден од начините за влијание ја спомена секогаш присутната закана дека може да бидат разрешени. Судски по ова ја повика на средба на кој таа не се појави и им одговори да ги решат прво проблемите во своите редови . Перодов Адеми беше и мета на напади преку портали за кои Телма пишуваше дека стојат луѓе блиски до ДУИ.
Се продлабочува и јазот мегу судскиот совет и министерот за правда. Откако Лога пред неколку денови јавно побара судски да ја изземе Лорета Горгиева од комисијата за утврдување одговорност за претседатлеот на Кавадаречкиот суд Лазар Нанев од судски му одговорија дека треба да се однесува професионално, како што му доликува на функцијата. Велат изнел многу невистини, но и свесно ја нарушува работата на Советот.
Министерот објави дека Горгиева како член на советот не треба да биде во комисијата затоа што има конфликт на интереси по јавната поддршка за Нанев кого Лога го разреши од функцијата претседател на Советот за ИКТ. Министерот и јавно го опомена судкси дека за составот на комисијата разбрал од медиумите затоа што не му биле доставени материјалите од седницата. Од судски одговараат дека министерот треба да ги знае законот според кој постапката за утврдување на одговорност е итна,од доверлив карактер, тајна и без присуство на јавноста
- Изненадува како е можно министерот јавно да изнесува информации за тоа против кого е поднесено барање,а уште помалку кој членува во Комисијата на известители, па дури и да бара изземање, кога заради тајноста на постапката, не му се доставуваат материјали на министерот, поради законската неможност истиот да учествува во постапувањето.
Доколку Горгиева не се изземе од комисијата, Судскиот совет прави лош преседан со кој ќе се намали и онака ниската доверба на граѓаните во правосудниот систем, напиша Лога но од Судски сметаат дека нема законски основа Георгиева да биде изземена.
Министерот Лога формираше работна група која треба да направи реофрма на Судксиот совет а се чекаат и забелешките на оценската мисија на ЕУ која ја скенираше работата на ова тело по превирањата со разршеувањето на Дамева, кое европската комисија во последниот извештај го нарече контроверзно.
Елена Ивановска Мукоска