Вести Македонија

Атанасов: Имаме судир на политичка моќ, а не на идеи

Претседателските избори ќе бидат средство за постигнување на клучната цел а тоа е кој ќе управува со државата, смета поранешниот министер Никола Тодоров, овој пат претседателските избори ќе бидат средство за тоа кој ќе биде премиер, додава тој.

Првиот круг на претседателските избори ќе биде многу значаен, и оној што ќе има прилично водство во првиот круг ќе биде тој што ќе ја однесе победата и потоа ќе направи влада, вели Тодоров.

Според него во оваа ситуација има два клучни фактори, првиот е мотивот на членството кое работи на терен, а вториот е процентот на граѓани кои гласаат за победникот.

ден од клучните фактори на изборите, за да победиш, е колку луѓе имаш на терен. Едно е да имаш на терен 5.000, друго е да имаш 20.000, трето е да имаш 40.000 или 50.000 луѓе кои што работат позади таа партиска кауза. Тоа е првиот момент. Значи после еден таков добар резултат, најверојатно ќе се дуплира бројот на луѓе, за да можат утре да кажат еве и ние бевме дел од оваа победа. Втората работа во секоја земја, а и кај нас, постојат определен процент на граѓани коишто гласаат за победникот. Тие тоа ќе го намирисаат во првиот круг. Сме правеле некои проценки, тие гласови можат да бидат 20.000, 30.000, можат да бидат и повеќе, зависи колкава е излезноста. Но, тоа сепак во овие услови, на прилично мала излезност, јас не очекувам да имаме огромна излезност на овие избори, тие бројки ќе значат нешто, смета тодоров.

Според универзитетскиот професор Петар Атанасов, токму големината и бројноста на двете политички партии е главниот проблем во македонската политика.

До сега имавме два такви моќни фактори, бројноста нивна, теренот кој го контролираат, сега имаме уште еден, ДУИ. Во меѓувреме малку порасна, се зајакна и политички и теренски, и бројчано. Сега, оваа моќ го руши претседателскиот избор. Што е важно кој ќе биде претседател ако мора една моќна политичка партија, или две да застанат позади него? Која е улогата на тој претседател? И добиваме всушност формално прв човек на државата, а неформално неважен човек во државата. Битките околу тоа не се водат кој ќе биде претседател, или кој ќе победи, туку која од овие моќни политички структури ќе извојува победа, а победникот кај нас зема сѐ, рече професорот атанасов.

Според него ДУИ се додава како уште еден фактор, кој има добра контрола на теренот, кој има бројност и којшто може да тргува.

И тука сега имаме судир на политичка моќ, немаме судир на идеи, немаме судир на програми, не се натпреваруваме дека после овие избори ќе има подобар начин на владеење. Не, ние имаме моќ, политичка моќ, имаме гиганти, за оваква држава јас мислам дека и ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се премногу, со овие бројки што ги имаат, смета Атанасов.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Рускиот министер за сообраќај претпладнево доби отказ, попладнево пронајден мртов

Дејан Дејан

Мотоциклистот кој смртно го прегази пешакот Николовски однесен во Шутка – судот му определи затворски наместо домашен притвор

Дејан Дејан

Сè е поскапено, инфлацијата повторно скокна, мерки засега во најава

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе