Вести Македонија Најважни

Поради превртена приколка од камион затворен патот Валандово-Демир Капија

Приколка од камион се преврте утрово кај местото викано Јаворица, на патот Валандово-Демир Капија.

Од АМСМ информираа дека несреќата се случила во 7.20 минути. Во моментот, сообраќајот е во прекин во двата правци.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Нов снег не’ очекува од вторник, кога температурата ќе се спушти и до минус 10 степени.

Метеоролозите најавуваат благо стабилизирање на времето од крајот на наредната недела. Врнажите од дожд и снег за време на викендот помогнаа во расчистување на воздухот. Мерните станици за загадувањето на воздухот се во зелена боја.

Од министерството за животна средина велат дека неколку години веќе се инвестира во намалување на аерозагадувањето, но голем е бројот на домаќинства кои како гориво за греење користат пластика, гуми, паркети, и разни материјали кои во себе содржат лепак и бои.

Две лица загинаа во Бугарија, а едно во Молдавија- регионот погоден од снежно невреме

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Заменик градоначалникот на Прилеп со своја верзија за решението за дивоградба утврдена на негов објект- Антикорупциска испитува дали има судир на интереси

Дејан Дејан

Деребан: Одлуката на Управниот суд е конечна и правосилна, по неа треба да постапат Собранието и Судскиот совет

Дејан Дејан

„Класифицирани информации“- одговор на МВР на прашања за полициската контрола во Пулс кога се случи пожарот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе