За 4 дена дел до домаќинствата ќе добијат и дневна евтина тарифа. Но оваа поволност првично ќе може да ја користат околу 170 илјади домаќинства, кои имаат дигитални броила и ЕВН може да ги прилагоди системски.
Останатите, над 600 илјади ќе ја добијат нешто подоцна затоа што се со броила кои од први декември ќе мора рачно да се сетираат. Евтина дневна струја домаќинствата ќе имаат од 13 до 15 часот.
Оваа поволност беше претходно укината како последица на енергетската криза. Новина е тоа што од следната година до крајот на ноември ќе се носи одлука за нова цена на струја, а пресметките енергетските компании ќе ги достават до крајот на септември.
Повеќе нема да има корекција во цената во јуни како што се правеше до сега. Ова се предвидува со новите правила, кои ги соопштија од РКЕ.
Новата цена на електричната енергија која ќе важи од јануари, наскоро треба да биде соопштена. Дел до компаниите веќе доставиле и пресметки.
Она што е веќе и познато со новите измени во законот за енергетика, ЕВН ХОУМ ќе ја пресметува и соопштува цената, но откако ќе добие потврда од РКЕ.