Малта прифатила да биде претседавач на ОБСЕ во 2024 година, чија кандидатира денеска била поддржана од сите 57-те земји членки во двете работни тела на Организацијата. Информацијата за Малта како иден претседавач на ОБСЕ ја објави шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи, нарекувајќи го тоа како „Одлична вест“.
Подготвителниот состанок и Постојаниот совет на амбасадорите, 57 земји-учеснички на ОБСЕ постигнаа консензус и се донесе одлука што го отвора патот за идниот претседавач на ОБСЕ 2024. Одлуката ќе биде потврдена на 30-от Министерскиот совет на ОБСЕ во Скопје, напиша Османи на „фејсбук“.
Османи притоа и се заблагодари на Малта за подготвеноста да ја преземе ваквата витална улога за Организацијата, но и на сите земји-учеснички и партнери на ОБСЕ за флексибилноста и поддршката. Кандидатурата на Малта во саботата беше најавена од Османи, но со неизвесност дали предлогот ќе помине со консензус, односно дали, пред се, Москва ќе ја прифати Валета за иден претседавач. Денешнотот зелено светло од Руската федерација, САД, ЕУ и Естонија која беше предлогот за претседавач за 2024, кој Москва не го прифаќаше, ја отвора врата оваа одлука да биде потврдена на министерскиот состанок во Скопје.
Во ОБСЕ со консензус се бираат и четири клучни позиции – генералниот секретар, високите претставници за малцинства и за слобода на медиуми, како и шефот на ОДИХР, чии мандати истекуваат на 4 декември. Како што дознава Телма, за изборот на овие позиции се уште се водат разговори.
Во пресрет на состанокот во ОБСЕ во Македонија се огласи и рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, кој најави дека ќе дојде до Македонија, доколку Бугарија го отвори воздушниот простор за негов прелет. Како што пренесува Радио слободна Европа, Лавов информирал и дека некои западни земји веќе побарале средби со него во Скопје.
Ако некој ни пријде, ние никогаш не бегаме и не се криеме“, додаде рускиот шеф на дипломатијата, изјавил Лавров.
Засега нема информација дали меѓу средбите кои ќе ги има Лавров во Скопје ќе биде и средба со американскиот државен секретар, Ентони Блинкен. Се уште не се знае дали на Советот на министри на ОБСЕ во Скопје ќе присуствува украинскиот министер за надворшени работи, Дмитри Кулеба. Според информации на Телма украинската страна уште не донела одлука за тоа.
Инаку како најголеми делегации во Скопје се очекува да бидат руската, американската, и но и на други поголеми европски држави. Од она што се знае руската делегација би броела околу 80 луѓе во која се вклучени и 20-на новинари.
Состанокот во Скопје кој ќе стартува со неформална вечера на 29 ноември се очекува да го следат повеќе од 200 акредитирани новинари и сниматели.
Тамара Грнчароска