Вести Македонија Топ вести

Со „Порше“ излетале од патот – пет тинејџерки повредени утрово во Скопје

Пет тинејџерки се повредени утрово во сообраќајна несреќа во Скопје, кога автомобил од марката „Порше“ излета од коловозот. Несреќата, според министерството за внатрешни работи (МВР) се случила околу 3 часот на крстосница од улица „Симеон Кавракиров” и улица „Венијамин Мачуковски”, по Транспортниот центар во насока кон Аеродром. Сите повредени се згрижени во Комплексот клиники „Мајка Тереза” и во Градската општа болница „Св.Наум Охридски”.

„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Ц. и сопатничката С.П.(18), а со телесни повреди се здобиле уште три сопатнички Ј.М.(18), Е.Б.(18) и АМ.К.(18) сите од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза” и Градската општа болница „Св.Наум Охридски”“, информираат од МВР.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Помали царински стапки за 67 стоки, се либерализира трговијата со САД – усвоени измените на Законот за царинска тарифа

Дејан Дејан

Избегнувајте работа на отворено од 11 до 17 часот – владата со мерки поради топлото време

Дејан Дејан

Трамп: Путин се јави и праша дали ни треба помош со Иран, му реков „ни треба со вас“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе