Сообраќајот на Стража е во целосен прекин поради снег на коловозот. Нема сообраќај меѓу Гостивар и Кичево.
На видеото се гледаат заглавени автомобили и камиони на автопатот Велес – Катланово. Сите три коловозни ленти се прекриени со снег. Возилата на оваа делница се движат во една колона со брзина од 20 до максимум 40 километри на час. На патарината после Велес полицијата ги запира тешките товарни возила.
View this post on Instagram
АМСМ соопшти дека на повеќе места е забранет сообраќај на тешки товарни возила.
Од 17:20 часот патниот правец Струга- ГП Ќафасан е во прекин за тешки товарни возила.
Од 17:00 часот на патниот правец Кратово-Пробиштип, поради обилни врнежи на снег воведена е забрана за движење на ТТМВ.
Од 17:00 часот на патниот правец Превој-Буково, и обратно, поради обилни врнежи на снег воведена е забрана за движење на ТТМВ.
Од 16:15 патниот правец Гостивар-Стража e целосно затворен за сообраќај.
Од 17:20 патниот правец Струга – ГП Ќафасан е во прекин за тешки товарни возила.
Од 15:20 часот на патниот правец Битола-Ресен, и обратно, кај превој „Ѓавато“, поради обилни врнежи на снег воведена е забрана за движење на ТТМВ.
Од 16:35 на патниот правец Градско-Прилеп кај превој „Плетвар“ и обратно, поради временските услови има забрана за движење на ТТМВ.
Од 16:30 патниот правeц Крива Паланка граничен премин Деве Баир е затворен за тешки товарни возила.
Задолжително користење на зимска опрема (ланци) од 14:00 на патниот правец Тетово-Попова Шапка.
Сообраќајот на „Стража“ во прекин поради попречено возило – Македонија под први снежни врнежи