Вести Македонија

ВИДЕО: Полицајци спасуваа тригодишно дете и тројца возрасни заглавени од снежната бура на жичарницата на Водно

На снежната бура тргнале со жичарницата кон Крстот на Водно, но биле заглавени во гондола кога снемало струја на жичарницата.

Откако напојувањето со електрична енергија се вратило, групата од 4-ца, меѓу кои и тригодишно дете успеала да стигне до врвот. Но, поради снежните врнежи и ветерот, не можеле да се вратат со жичарницата по што интервенирале полицајците од ЕБР, од интервентната полиција и од скопската сообраќајна единица кои успеале доцна вечерта да ги извлечат и спасат од Водно.

МВР објави видео од спасувачката акција.

Целосното соопштение на МВР:

Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција, одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје и Единицата за брзо распоредување денеска (25.11.2023) спасија четири лица, меѓу кои едно дете и еден германски државјанин, кои беа заглавени на жичарата на Водно, поради лошите временски услови и снемувањето на електрична енергија на жичарата.

Првично е пријавено дека лицата биле заглавени во гондола на жичарата, но потоа дошла електрична енергија и лицата стигнале до врвот на Водно, но не постоела можност да се спуштат надолу поради невремето и немањето електрична енергија. Веднаш по добиената пријава околу 16 часот, полициски службеници од ЕИП и ЕБР преземаа активности за пронаоѓање и спасување на лицата, по што тие безбедно, во придружба на полициските службеници се спуштаат кон Скопје.

Сообраќајот преку Стража во целосен прекин, видео од заглавени камиони на Велес-Катланово

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Градоначалникот на Чучер Сандево за Телма тврди: состојбата со пожарот во општината е алармантна

Дејан Дејан

Топ Тема: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ разменуваат обвинувања за политиканство и негрижа за настраданите во пожарот во Кочани

Дејан Дејан

Рускиот министер за транспорт пронајден мртов во својот автомобил откако беше разрешен од Путин – се тврди дека извршил самоубиство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе