Вести Македонија Најважни

Го лажела дека родила, кога побарал да го види бебето, пријавила дека е исчезнато – скопјанка која ќе одговара за лажно пријавување

Лични мотиви стојат зад лажната вест дека исчезна бебе од Детската во Скопје, настан кој вчера во полиција го пријави скопјанка. Утврдено е дека пријавата е невистинита, а бебето воопшто не постои. Жената го лажела својот невенчан сопруг дека на 11 јули родила машко дете, кое поради здравствени проблеми е задржано на Клиниката за лекување, а таа наводно во повеќе наврати сама го посетувала, соопшти обвинителството. Но, кога партнерот побарал да го види детето, за да не биде откриена нејзината лага, пријавила дека бебето од Детската клиника е одземено од непознати лица. Жената кривично ќе одговора за лажно пријавување, а јавниот обвинител бара да и се одземе пасошот и да и се забрани да го напушата домот.

„На 23 ноември, на иницијатива на нејзиниот невенчан сопруг, отишле најпрвин на Клиниката за детски болести каде наводно било хоспитализирано детето во тој момент. Таткото побарал да го види бебето, но биле известени дека такво бебе не било примено и донесено на лекување на клиниката. Потоа отишле на ГАК, каде по направените проверки во системите биле известени дека во текот на 2023 година осомничената воопшто не била примена ниту породена на таа клиника. Со преземените дејствија  беше утврдено дека осомничената го довела во заблуда нејзиниот партнер и лажно пријавила дека нејзиното новородено дете исчезнало“, информираат од ЈОРМ.

Настанот ја подигна на нозе полицијата. МВР   во координација со обвинителството вчера направи детални проверки на Клиниките, по што е утврдено дека  станува збор за лажна пријава, рече министерот за внатрешни работи Спасовски.

„Се направија проверки на Клиниката за гинекологија и акушерство, се направи проверка на Детската   клиника и кај матичниот гинеколог на пријавителот.   Се утврди дека е лажана вест лицето е приведно и ќе понесе одговорност. Апелирам со вакви работи кои предизвикуваат немир, неспокој кај граѓаните,  да не се служиме бидејќи ќе има жестока реакција од институциите“, вели Спасовски.

Спасовски посочи дека  лажни вести, со политички или други мотиви,  се појавуваат секогаш пред избори, кога има обиди    да се девалвираат институциите и одредени личности, но се нанесува штета на државата. Тој потсети дека и  во претходните изборни циклуси се отвараа теми  за мигранти,  за грабнување на деца и други слични  активности .

„Кога доаѓа време за избори, во Северна Македонија ни с случуваат вакви работи мотивирани од одредени  структури и личности. Не мора да се само политички мотивации, може да се и од други аспекти“, рече Оливер  Спасовски, министер за внатрешни работи. 

Минатата недела, обвинителството поведе постапка против 20 годишен скопјанец кој лажно пријави грабнување на малолетничка. Признал дека го измилсил настанот водејќи се од лажни објави кои се споделуваат на социјалните мрежи за наводни киднапери.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Градоначалникот на Чучер Сандево за Телма тврди: состојбата со пожарот во општината е алармантна

Дејан Дејан

Топ Тема: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ разменуваат обвинувања за политиканство и негрижа за настраданите во пожарот во Кочани

Дејан Дејан

Рускиот министер за транспорт пронајден мртов во својот автомобил откако беше разрешен од Путин – се тврди дека извршил самоубиство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе