Вести Македонија Топ вести

Речиси цела администрација на улица- преку синдикален протестен марш побараа повисоки плати

Ги блокираа улицитe и маршираа до собранието ,па до владата. Пораките „Штитиме граѓански права, се повредуваат нашите права“, и „Додека нема повисока плата ќе стоиме пред врата“ ги носеа на транспаренти. Дел од државната и јавна администрација на улица.

Револтирани од изјавата на випремиерот Битиќи дека вработените во судската администрација не ги завршиле навреме предметите, му порачаа- вие грижете се за вашето министерство. Пред собранието упатија и апел до пратениците во новиот буџет да има повеќе пари за администрацијата.

„Дали се уште треба да молчиме ние судските службеници што работиме се. Извршуваме тешки и обемни работни задачи кои не ни се определни во систематизацијата а за истите не сме наградени“, вели Јасмина Величковска претседателка на Независниот синдикат на судската администрација.

„Не личи вицепремиер на влада наместо да решава проблем на граѓани, да ги хушка и да си игра со емоциите на пензионерите, родителите и студентите дека вработените се виновни за тоа што се случува во државата. Доколку пратениците во собранието не почнат да си ја работат својата работа и не застанат на страната на работниците кога ќе го гласаат новиот буџет за 2024 година да знаат дека се ближат избори, а вработените памтат.Покрај сите притисоци од директори, раководители, заменици министри и министри и разноразно душебрижници, тука сме дојдовме а идниот пат ќе бидеме уште побројни“, вели Трпе Деаноски претседател на УПОЗ.

На предупредувачки протест револтот го изразија и вработените во судскиот совет. Побараа да се исплатат додатоците за плати кои им беа укинати во март годинава, во спротивно се заканија со генерален штрајк.

„Зошто се укинаа додатоците на плата, заради немање на доволно финансии во судскиот буџетски совет заради покачување на платите на судиите“, вели Благоја Ралповски од КСС.

Продолжуваат преговорите на работна група во Владата за решавање на овој проблем, тврди премиерот Ковачевски, додека синдикатите велат дека повеќе од шест месеци побарале да бидат вклучени, но досега ниту еднаш не биле повикани на средба.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Убиени три лица во пукање во шведскиот град Упсала

Дејан Дејан

Здравева: Дамките врз институциите се таложат една врз друга, постои генерална недоверба во институциите на системот

Дејан Дејан

Здравева: Бодувањето на членовите на ДКСК е како превртена пирамида, колку се повисоки на политичките партии, толку се пониски на граѓанското општество

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе