Вести Македонија Топ вести

Партиски членови кандидати за Антикорупциската комисија

Членот на ДИК од СДСМ, Борис Кондарко, Членот на комисијата за Антикорупција на ВМРО ДПМНЕ, Кирил Ковчегарски, како и братот на аналитичарот Сашо Клековски, кој е во извршниот одбор на истата партија, Владимир Клековски, беа меѓу денешните кандидати за новиот состав на Антикорупциската комисија, кои одговараа на прашања во Собранието.Не ја кријат партиската припадност, но законот им дозволува да се кандидираат доколку 10 години не биле во партиски органи. Тврдат дека сите се професионалци во својата работа и нема да бидат пристрасни доколку бидат избрани.

И Клековски, кој беше кандидат и за претходниот состав и беше високо рангиран, не смета дека функцијата на брат му во опозициската партија треба да биде пречка за тој да стане антикорупционер.

Во излагањата, сите кандидати денеска рекоа дека јавните набавки се најголемиот извор на корупција, но најголемиот проблем е сепак, неказнивоста, односно состојбата во судовите.

Интервјуата со кандидатите за новиот состав на Антикорупциската комисија продолжуваат и утре.

Далиборка Демјанска Цветановска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Десничарска група поврзана со Ле Пен под истрага на Европското јавно обвинителство

Дејан Дејан

Нетанјаху за Палестинците во Газа – може да останат а може и да си одат

Дејан Дејан

Телма во Чучер Сандево: Со пожарникарите и жителите ги бранат куќите и манастирите од пожарот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе