Вести Македонија Топ вести

Касами најави засилени инспекциски контроли по пожарот во Фалише

Градоначалникот на Тетово најавува засилени инспекциски контроли за проценка на ризикот од пожари во сите индустриски капацитети како и промени во ингеренциите на одделни институции кои даваат дозволи за градба со оглед на тоа што дел од објектите не се соодветно опремени со инсталации за противпожарна заштита.

Како општина ќе ги превземеме сите наши надлежности што ги имаме за да провериме во сите индустриски капацитети, јавни објекти за кои постои ризик од појавување на пожар со вакви размери во иднина, за да видиме дали ги исполнуваат условите. Затоа што знаеме дека и за време на првиот пожар што се појави кај фабриката Пофикс, после одредено време откако изби пожарот таму пронајдовме хидранти. Треба да се направи една сериозна студија за сите капацитети дали имаат ххидранти, дали ги исполнуваат за безбедност, и ако не ќе поднесеме барање до сите институции за да ги преземат соодветните мерки, изјави Касами.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нетанјаху за Палестинците во Газа – може да останат а може и да си одат

Дејан Дејан

Телма во Чучер Сандево: со пожарникарите и жителите кои ги бранат куќите и манастирите од пожарот

Дејан Дејан

Топлото време е подеднакво опасно и за младите и за повозрасните,

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе