Вести Македонија Топ вести

Ентони Блинкен очи в очи со Сергеј Лавров и тоа во Скопје

Американскиот и рускиот министер за надвоешни работи, Ентони Блинкен и Сергеј Лавров, в среда доаѓаат во Македонија за да учествуваат на министерскиот состанок на ОБСЕ. Ова за Телма го потврдија извори од македонската влада која денеска преку дополнување на Одлуката за воведување рестриктивни мерки во поглед на активностите на Руската Федерација, а со која беше ограничен пристапот на руски авиони на македонска територија, дозволи авионот на Лавров, но и самиот Лавров, да влезе во воздушниотт простор на Македонија и да слета на македонско тло. Дополнувањето е согласно регулативата на Европската унија за заедничка надворешна и безбедносна политика.

„Преку ова дополнување, Влада им пренесе овластување на надлежните министерства сами да можат да одлучат за издавање одобрение за прелет и слетување на рускиот воздухоплов за време на одржување на триесеттиот министерски состанок на ОБСЕ во Скопје, во период од 29 ноември до 1 декември 2023 година. Дополнувањето е согласно регулативата на ЕУ и одредбите во самите рестриктивни мерки, со кои, за меѓународните конференции како што е ОБСЕ се предвидени исклучоци за предметните рестрикции“, се наведува во соопштението од Владата.

Според информациите на Телма Лавров во Македонија би дошол со прелет или преку Бугарија или Грција, членки на ЕУ и НАТО, кои исто за таа цел би ја тргнале забраната за прелет на Лавров преку нивна територија.

Доаѓањето на Лавров може да се смета за историско со оглед дека тоа ќе биде негова прва посета на европска држава откако Русија ја нападна Украина. Лавров во јуни 2022 година ја откажа својата посета на Белград, откако соседните држави на Србија одбија да му дозволат прелет преку нивна територија. Тогаш својот воздушен простор за Лавров, заедно со Бугарија и Црна Гора, го затвори и Македонија.

Престојот на Блинкен и Лавров, но и на уште 55 министри за надворешни работи на членки на ОБСЕ, вклучително и Украина, но и на 19 земји-партнери на Организацијата, се очекува да ги зголеми уште повеќе безбедносните мерки во главниот град на државата. Според неофицијални информации на Телма, во владата се размилсува одлуката со која  29 и 30 ноември беа прогласени за неработни за јавната администрација и училиштата, да бидат прогласени за неработен денови за сите жители на Скопје.

Според неофицијални информации Лавров во Македонија доаѓа со делегациија од повеќе од 80 луѓе од кои над 20 ќе бидат новинари.

Сличен броја на делегација се очекува да брои придружбата и на американскиот државен секретар Блинкен.

Инаку годинешниот Совет на министри на ОБСЕ освен поради присуството на Лавров е историско бидејќи треба да ја одреди и идната на Организацијата која по руската инвазија врз Украина влезе во криза поради блокадите од страна на Москва, како контра-одговор на забраните кои европските држави и САД ги воведоа за руската држава.

Москва од 2021 го блокира буџетот на Ораганизацијата, не дава согласност Естонија да претседава со ОБСЕ во 2024 година, а од 4 демеври истекуваат мандатите на генераниот секретар на ОБСЕ, на Високите претставници за малцинства и за слобода на медиуми, како и на шефот на ОДИХР. Избор на земја-претседавач, но и за пополнување на клучни позиции во ОБСЕ не е можно без консензус од сите земји-членки.

Инаку македонско-руските односи дополнително се заладија откако Македонија го презеде претседавањето со ОБСЕ.

Тамара Грнчароска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ОЈО бара притвор за лицето осомничено за подметнување на пожарот во Ѓорче Петров

Дејан Дејан

Два огнени крака, еден кон Николиќ, другиот кон Ѓопчеле – силен ветар го разгоре пожарот во дојранско

Дејан Дејан

Независните бараат од 20 до 100 потписи за кандидирање во општина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе