Вести Македонија Најважни

Не постои директна закана за безбедноста на земјите од Западен Балкан, порача Столтенберг од Скопје

Не постои директна закана за безбедноста на земјите од Западниот Балкан, иако НАТО е загрижено за сецениостичките закани во Босна и Херцеговина, кревката безбедносна состојба во Косово и блокираната нормализација на односите меѓу Белград и Приштина. Вака гласеше одговорот на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за тоа дали на денешниот мини-самитот на земјите-членки на НАТО од регионот – Македонија, Албанија, Црна Гора и Хрватска, одржан во Скопје, е договорено подигање на нивото на безбедност во Западниот Балкан поради евентуални безбедносни закани.

„Да, ние сме загрижени за развојот на настаните кои одат во погрешна насока во некои од земјите од регионот. Но истовремено, треба да ја препознаеме и признаеме силата и важноста на НАТО. Само што ја завршив турнејата низ регионот и секаде јасно кажав дека стабилноста на Западен Балкан зависи од сите страни кои го избираат дијалогот и дипломатијата пред конфликтот и хаосот. Време е да се надминат регионалните конфликти кои траат предолго“, изјави Столтенберг.

Поголемо гарантирање од страна на НАТО на безбедноста во Косово, за да се зачува мирот во регионот, како потреба го изнесе и премиерот на Албанија, Еди Рама.

„Во однос на неопходноста да биде поприсутно во Косово, а особено да сe ангажира со поголем број на трупи за обезбедување на границата меѓу Косово и Србија, граница која претставува извор за многу лоши нешта и од каде што се пробиваат и пенетрираат и поединци и групи кои што имаат за цел дестабилизација на Косово“, рече Рама.

Рама денеска до Столтенберг упати предлог да се создаде формат на НАТО самит на земјите од Западниот Балкан, а на кој би учествувале и земјите-партнери на НАТО во регионот, пред се Србија, Косово и Босна и Херцеговина. Предлогот на Рама беше поддржан од хрватскиот претседател, Зоран Милановиќ, кој го прошири на формат на НАТО самит на Југоисточна Европа.

„Предлогот да се размисли за еден форум на кој би присуствувале овие држави, држави на Југоисточна Европа и уште некоја држава, и многу важно – Белград, Приштина и Сараево. Верувам дека ова заслужува внимание од НАТО и од генералниот секретар“, изјави Милановиќ.

Македонскиот премиер пак денеска по состанокот на Столтенберг со четирите држави-членки на НАТО во регионот, порача дека безбедносните служби на Македонија блиску соработуваат со службите на НАТО земјите-членки и оти според информаците со кои тој располага, во моментов, не постои никаква безбедносна закана за Македонија.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Рускиот министер за транспорт пронајден мртов во својот автомобил откако беше разрешен од Путин – се тврди дека извршил самоубиство

Дејан Дејан

Целосно прекинат сообраќајот во двата правци на патниот правец Стенковец – Блаце а затворен и граничниот премин Блаце

Дејан Дејан

Рускиот министер за сообраќај претпладнево доби отказ, попладнево пронајден мртов

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе