Вести Македонија

Хаџи Јанев во „Топ тема“: Израел купува време со примирјето, ќе игра на картата Хамас да го прекрши договорот

Довербата меѓу двете страни е на многу ниско рамниште и ова повеќе можеби е некое надмудрување или дел од целиот оперативен дизајн кој што Израел треба да го примени, а резултат е, исто така, и на големиот притисок што се јави од меѓународната заедница врз Израел, рече проф. д-р. Методи Хаџи Јанев, воено-политички аналитичар“, во вечерашната „Топ тема“ на ТВ Телма во контекст на најавениот договор за хуманитарен прекин на огнот меѓу Израел и Хамас.

„Се јавија голем број на дилеми околу оправданоста на употребата на сила. Кај нас многу малку се посвети внимание на тоа, меѓутоа на светко рамниште, употребата на сила на Израел доби фрапантни резултати што беше поразително за самиот Израел и за сите оние кои го поддржуваат. Посебно за западните држави, бидејќи во голема мерка меѓународната заедница го осуди она што го прави Израел и го нарече прекршување на меѓународното право“, рече Хаџи Јанев.

Според него, договорот за примирје треба всушност да купи време, но и да го стави Хамас на тест.

„Мислам дека ова е мудар чекор на Израел, да направи примирје, бидејќи тие примирја се познати во склад со меѓународното хуманитарно право за купување на дел од времето, но да купи и легитимитет и да ја фрли картата на страна на Хамас. Првата фаза од т.н. информациска војна, Израел дефинитивно ја загуби, бидејќи Хамас, во оној класичен терористички смисол успеа да ја каже правата порака за проблемот во Палестина. И сето тоа фрли сериозен товар врз операциите на израелските одбранбени сили требаше да ги реализираат“, истакна Хаџи Јанев.

Со овој потег, смета Хаџи Јанев, Израел ќе игра на картата Хамас да го прекрши примирјето.

„Најверојатно и го очекуваат тоа, со цел да стават аргумент повеќе во нивната наративна кампања дека се борат со терористи и да ја легитимизираат прекумерната употреба на сила за која голем дел од меѓународните хуманитарни организации, но и Обединетите Нации истакнаа дека Израел нема право да се повикува на правото на самоодбрана и таквата употреба на сила претставува кршење на меѓународното хуманитарно право“, додаде Хаџи Јанев.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Целосно прекинат сообраќајот во двата правци на патниот правец Стенковец – Блаце а затворен и граничниот премин Блаце

Дејан Дејан

Рускиот министер за сообраќај претпладнево доби отказ, попладнево пронајден мртов

Дејан Дејан

Мотоциклистот кој смртно го прегази пешакот Николовски однесен во Шутка – судот му определи затворски наместо домашен притвор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе