Вести Македонија

Граѓаните на маки – се жалат на ретки и преполни автобуси

„Во несвест ќе паднам. Тоа се сардини само вертикално поставени луѓе, сардините се хоризонтално. Толку ли нема, потрошија по банкети по шетања 100 души делегации нема за автобуси. Катастрофа значи“, вели граѓанин.

Со вакви маки секојдневно се соочуваат граѓаните кои за Телма револтирани раскажуваат. Автобусите се ретки во нив има страшни турканици дури и ги пропуштаме автобусите бидејќи не можеме да се качиме, а се ова е поради намалениот број на возачи.

„Некаде помеѓу 15 до 17 часот тоа е невидена катастрофа, тоа е казна за човекот“, вели граѓанин.

„Па доаѓаат на 40 минути 45 зависи кој автобус. Гужва има некогаш и преполно не може да се влезе во автобусите. Ретко доаѓаат сега, кога ги прашуваме шоферите што е викаат нема доволно шофери, возачи нема недостасувале возачи тоа е“, вели граѓанин.

„Јас четворка чекам е многу ретка, ама само таа ми одговара. Ги има некогаш на пола саат, некогаш на саат зависи, многу е ретка“, вели граѓанка.

Покрај секојдневниот хаос во автобусите за кои граѓаните се жалат, денеска дополнителен проблем направи и празничниот возен ред на неколку приградски линии.

Извори за Телма запознаени со проблемите алармираа дека вработените неколку месеци немаат земено плата, а минатата недела советниците ја изгласаа одлуката за давање субвенции на ЈСП се со цел исплата на плата. Изворите велат дека и ЈСП и приватните превозници се соочуват со недостиг на возачи бидејќи дел од нив заминале на работа во странство, иако градоначалничката Арсовска тврдеше дека не постои таков проблем и напротив имало новопријавени возачи.

Симона Петровска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Рускиот министер за транспорт пронајден мртов во својот автомобил откако беше разрешен од Путин – се тврди дека извршил самоубиство

Дејан Дејан

Целосно прекинат сообраќајот во двата правци на патниот правец Стенковец – Блаце а затворен и граничниот премин Блаце

Дејан Дејан

Рускиот министер за сообраќај претпладнево доби отказ, попладнево пронајден мртов

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе