Вести Македонија

Едно лице загина, најмалку шест се тешко повредени – сообраќајка меѓу минибус и голф во близина на обиколницата

Едно лице загина, а најмалку шест се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера околу 15 часот на магистралниот пат Скопје – граничен премин Долно Блаце.

Според министерството за внатрешни работи (МВР), во несреќата учествувале минибус од марката „мерцедес” со косовски регистарски ознаки, управуван од Р.Х. (63) од Косово и патничко возило „голф” со скопски регистерски ознаки, управувано од Ф.И. (19) од Скопје.

„Двајцата возачи, како и четворица повредени патници од Косово, биле итно пренесени во комплексот Клиники „Мајка Тереза” за укажување на помош, а двајца најтешко повредени се префрлени во ГОБ „Св. Наум Охридски”. Една од нив, К.А. (67) починала од здобиените повреди. Извршен е увид од СВР Скопје и известен јавен обвинител, а возачот Ф.И. е уапсен“, информира МВР.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Рускиот министер за транспорт пронајден мртов во својот автомобил откако беше разрешен од Путин – се тврди дека извршил самоубиство

Дејан Дејан

Целосно прекинат сообраќајот во двата правци на патниот правец Стенковец – Блаце а затворен и граничниот премин Блаце

Дејан Дејан

Рускиот министер за сообраќај претпладнево доби отказ, попладнево пронајден мртов

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе