Вести Македонија Топ вести

(вознемирувачки фотографии)Исцрпени до смрт, облеани во крв – Лајка ги повикува надлежните да ги запрат борбите со кучиња

Невладината организација Лајка на својот профил на Фесјбук објави вознемирувачки фотографии за борби со кучиња кои се одржувале на потегот Охрид – Струга и тоа на јавна површина.

Тие ги повикуваат општината, Агенцијата за храна и ветеринарство и Министерството за внатрешни работи да ги спречат овие незаконски активности. Од невладината тврдат дека на настанот биле присутни и лица од други градови и држави.

Прашуваат како може Законот за заштита и благосостојба на животните да не важи за нив.

„Локацијата е добро позната и на полицијата, која ако е доследна на заклетвата која ја дала и на она што нејзина должност е, би проделувала на основ и на оваа објава и доказен материјал (да, и сликите се доказ, за оној што на правината и доброста сакаат да им служат), на ова очигледно прекршување на законите и дивеење ширум државава. Не може и не смее за некого законите да важат (и за најмали ситници), а за некои да не важат (и за вакви големи зла). Кутри животинчиња, недолжно измачувани и злоупотребувани заради нечии психички и душевни изместувања. Од овие зла, подлога се создава и за зла учинувани и врз луѓе, тешко таа држава која таа вистина не умее или не сака да ја воочи“, пишуваат од НВО Лајка на Фејсбук.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп испраќа писма со нови царини до трговските партнери

Дејан Дејан

Уште едни неуспешни преговори за прекин на огнот помеѓу Хамас и Израел

Дејан Дејан

Фрлен отпушок од автомобил причина за пожарот кај Блаце?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе