Вести Македонија

Тренчевска: До крајот на оваа недела се очекува Владата да ги донесе мерките за сите ранливи категории граѓани

До крајот на оваа недела се очекува Владата да ги донесе мерките за сите ранливи категории граѓани. Тогаш точно ќе се знае кој се ќе биде опфатен и колку месечна ќе биде поддршката, рече денеска министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска. Од Работната група, додаде, се веќе доставени предлози поддржани да бидат особено пензионерите со ниски пензии.

Како што информира министерката, се работи и на решението за минимална пензија но, со оглед дека е комплексно, најверојатно нема да биде готово до крајот на овој месец.

Да, се дискутира и за мерките што треба да ги предложи Работната груба, ги предложија всушност до Владата за да ги поддржиме и особено пензионерите со ниски пензии, а се работи секако и на едно системско решение за предлог-закон, предлог-одредби за утврдување на минималната пензија. Меѓутоа, не очекувам дека многу бргу, дека до крајот на овој месец ќе се донесе некакво решение зашто, сепак, тоа е комплексно прашање со кое се регулира минимална пензија. Ќе продолжи Работната група, а мерките за сите ранливи категории граѓани очекуваме до крајот на оваа недела да бидат донесени од страна на Владата, рече Тренчевска.

Според неа, со мерките најверојатно ќе бидат таргетирани најранливите пензионери, оние со најниски пензии.

Искрено, додека не бидат објавени, не сакам да лицитирам кои категории пензии ќе бидат опфатени, ќе бидат опфатени поголем број пензионери, а секако ќе бидат опфатени и други ранливи категории граѓани. До кога пензионерите би можеле да ја користат оваа мерка, ќе биде објавено штом мерките ќе бидат прифатени, односно усвоени на владина седница. Верувам дека до крајот на неделата ќе имате информација за се она што како пакет на антикризни мерки Владата ќе го донесе, кои категории граѓани ќе бидат опфатени и колку месечна ќе биде поддршката, информира министерката по посетата на Општина Ѓорче Петров.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура

Дејан Дејан

Нетанјаху замина да разговара со Трамп за прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Полска воведува гранични контроли со Германија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе