Голем дел од лицата корисници на државна помош работат и друга непријавена работа и исплашени се ако влезат на пазарот труд дека ќе ја загубат државната помош, која ја чувствуваат како своја , зашто имаат привилегии, не може да ви дојде извршител, не можат да ве исклучат од струја, вода, вели Душан Томшиќ од Министерството за труд и социјална политика.
- Проблем е и што има малку социјални работници, и на еден работник има 40.000 предмети, што е навистина многу. Но, се планираат измени во законот за социјална заштита, кој предвидува да се направи проценка кој од семејството е најспособен да работи, да се вработи, а другите членови од домаќинството да продолжат да користат социјална помош. Се надеваме дека со ова ќе мотивираме лица од семејствата легално да се вработат и да го напуштат системот за социјална заштита.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.