Вести Македонија Топ вести

Столтенберг: Членството во НАТО е суштинска меѓа кон членството во ЕУ

Членството во НАТО е есенцијалната и суштинска меѓа кон членството во ЕУ, порача Столтенберг од Собранието. Мирот и стабилноста, за него се предуслов и за економскиот напредок, но и за развојот на демократијата. Порача дека, сите политички партии имаат одговорност да работат заедно и да ја движат државата напред и ги охрабри политичарите да го комплетираат  патот кон членство во ЕУ.

Столтенберг потсети дека членството во НАТО е добро за Македонија, но и за самата Алијанса, особено со придонесот на вооружените сили кон мирот и безбедноста. Сподели впечатоци и од неговиот поранешен престој овде.

Говорот пред пратениците, генералниот секретар на НАТО го заврши со констатацијата дека нема дилема дека по Алијансата следи и членство во ЕУ. Пред обраќањето, тој се сретна со претседателот на Собранието, со кого имаа кратка билатерална средба.

Далиборка Демјанска Цветановска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Родителите на починатите деца од пожарот во „Пулс“ чекаат одговор на барањата

Дејан Дејан

Трамп испраќа писма со нови царини до трговските партнери

Дејан Дејан

Уште едни неуспешни преговори за прекин на огнот помеѓу Хамас и Израел

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе