Вести Македонија Најважни

Блиску сме до договор за примирје со Израел, тврди политичкото крило на Хамас

Политичкото крило на Хамас тврди дека е блиску до договор за петдневно примирје со Израел со посредство на Катар. Тоа, според лидерите на палестинската милитантна група, би довело до пауза на борбените дејствија во Газа на одреден период, но и можност за ослободување на дел од киднапираните лица кои се наоѓаат во заложништво од 7 октомври.

Светските медиуми, повикувајќи се на неименувани извори, објавија и детали од потенцијалниот договор. Како што се наведува, тој би опфатил прекин на огнот во копнените борби и ограничување на израелските воздушни операции над јужна Газа.

Хамас за возврат би ослободил меѓу 50 и 100 израелски цивили кои се заложници, но постои можност да бидат и од друга националност, но не и израелски војници. Израел, пак, би ослободил 300 Палестинци, вклучително и жени и деца, кои моментно се наоѓаат во израелските затвори.

Роднини на дел од киднапираните израелски цивили им порачаа на властите дека не смее да се пропушти шанса за таков договор кој би довел до ослободување на дел од заложниците меѓу кои има и деца.

Засега нема официјален коментар од кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Тој претходно порача дека неговата земја нема да престане со копнената офанзива и воздушните напади се додека заложниците не се вратат дома.

Дел од израелските министри се противат на договор со Хамас. Меѓу нив и министерот за национална безбедност, Итман Бен Гвир кој преку соопштение предупреди да не се прави договор со палестинската милитантна група. За потенцијалниот договор рече дека би донел катастрофа, а Израел би ја повторил големата грешка од 2011 година.

Сашко Димовски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура

Дејан Дејан

Нетанјаху замина да разговара со Трамп за прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Полска воведува гранични контроли со Германија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе