Вести Македонија

Бегај: Се надевам на најкраток можен пат кон ЕУ

Претседателот на Албанија, Бајрам Бегај денеска во Битола ги спои лутите политички противници од албанскиот блок, кои седнати еден до друг го слушаа неговиот говор на чествувањето по повод 115 години од Конгресот за   албанската азбука.  Бегај  и се заблагодари на Македонија што го одбележува  овој значен датум за Албанците, порача дека и останатите соседи треба  да се почитуваат меѓусебно. На  забелешката на новинарите, дека наместо поддршка,  Македонија  на европскиот пат  има вето од Бугарија, а на Албнија и се заканува блокада  од Грција, поради  затворениот градоначалник ан Химара кој  етнички Грк, Бегај сепак изрази оптимизам.

– Тоа што 22 ноември е национален празник во Македонија е  непобитен доказ за добрите односи меѓу двете држави, а  тоа треба да го направат и останатите соседи, да се почитуваат  меѓусебно и да ги почитуваат симболите на народите. Го посакувам најдоброто  за двата наши народи, се надевам  на најкраток можен  пат кон ЕУ и едно поубаво утре и просперитет на регионот.  По природа сум оптимист, како што пред 115 години  беа нашите преродбеници , рече Бајрам Бегај, претседател на Албанија

Но, оптимизмот веќе ги напушта македонските политичари за бугарското вето на Македонија, чие повлекување е условено со уставните измени. Претседателот Пендаровски  деновиве рече дека не може да очекуваме позитивна одлука на декемврискиот сами. И вицепремиерот Маричиќ, денеска  изјави дека  не може да се случи нешто спротивно од она што е напишано во преговарачката рамка. Како главен виновник  ја посочи ВМРО-ДПМНЕ.

-Ние ги подготвуваме и ќе ги испратиме оние патокази што ни се обврска од крајот на скринингот во првиот кластер и понатаму тука ќе застанеме доколку не се завршат уставните измени. Бидејќи во моментот нема изгледи тоа да се случи, треба да очекуваме застанување. Но, ние не се откажуваме до последниот ден од мандатот на овој собраниски состав да разговараме и да ги убедуваме колегите од ВМРО-ДПМНЕ да не ја блокираат сопствената држава, изјави Бојан Маричиќ, вицепремиер за европски прашања

Од опозициската партија  одговорија дека не тие,  туку оваа Влада го блокира европскиот пат на Македонија.

„Европската агенда е блокирана пред се поради неспособноста и криминалот на владата, и поради обидот да се наметне бугарски диктат кој го подржува владата на Ковачевски. Со Маричиќ, СДС и ДУИ, ЕУ е само далечна желба наместо реалност на која треба да работиме“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. 

Европскиот совет на кој треба да се донесе одлуката дали Северна Македонија и Албанија ги исполниле условите и обврските за преминување во втората фаза од преговорите е закажан за 14 и 15 декември.

Емилија Мисирлиевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура

Дејан Дејан

Нетанјаху замина да разговара со Трамп за прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Полска воведува гранични контроли со Германија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе