Изгласан е новиот Деловник за работа на Собранието со 83 гласа ЗА и 2 ПРОТИВ. Ќе важи од наредниот собраниски состав.
На денешното гласање му претходеше жестока расправа, проследена со инциденти. Пратеници на Левица фрлаа документи, кршеа монитори, ја одзедоа картичката од Мисовски и се закануваа со ескалација. Апасиев го соблече чевелот и со него удираше по амандманите.
Уште една пауза за деескалација на атмосферата во собраниската сала. Потпретседателот Горан Мисовски ја прекина седницата откако неговите напори за деловничко водење на амандманската расправа – не дадоа резултати. Двајцата пратеници на Левица фрлаа документи, кршеа монитори, ја одзедоа картичката од Мисовски и се закануваа со ескалација. Инцидентот почна кога 82-ца пратеници го одбија нивното барање Предлог Деловникот да се тргне од дневен ред.
Крмов и Апасиев бараат да се гласа за секој од нивните 2 и пол илјади амандмани, а не само за 12 кои влегоа во процедура.
Предлагачот на Деловникот, спикерот Талат Џафери ги одби амандманите, а и пратениците ги одбиваа со мнозинство од 74 гласа. Крмов заканувачки се доближуваше до Мисовски а Апасиев удираше со чевелот по документите
Новиот Деловник беше со години усогласуван меѓу партиите преку процесот Жан Моне. Против се само двајцата пратеници од Левица.
Соња Николовска