Вести Македонија

Без семафор со многу пешачки острови- колку е безбедно за учениците на ОУ „Љубен Лапе“ во Аеродром на новата улица каде утрово се преврте автомобил

45-годишна жена е повредена во сообраќајната несреќа која утрово се случи во Аеродром пред училиштето Љубен Лапе.

Во сударот учествувале две возила, а после несреќата реагираа родители на учениците но и околните жители бидејќи улицата со голема раскрсница по реновирањето не е соодветно обележана.

На графиката која ја изработи ТВ Телма може да се види дека претходната улица со две ленти сега е проширена на 4 ленти, а на раскрсницата е додадена уште една ново пробиена улица. Раскрсницата не е правилна туку по свртувањето вдесно нема простор за приклучување на новата улица.

Дополнително сега сообраќајот се вкрстува на повеќе места со пешачки премини без да има ниту еден семафор со што сериозно е загрозена безбедноста на пешаците пред се на стотици ученици кои секојдневно ја поминуваат раскрсницата за да стигнат на час.

Крстосницата се наоѓа веднаш пред СВР Скопје, а централата на скопската полиција исто така  излегува директно на проширената улица.

Од општина Аеродром побараа МВР и администрацијата на град Скопје да преземат соодветни мерки за ревидирање на сообраќајното решение за улицата „Васко Карангелевски“ и да се постави соодветна сигнализација за бебзедност на пешаците и останати учесници во сообраќајот.

Несогласувањата меѓу општинската, градската и централната власт засега се пречка за да се обезбеди целосно и безбедно решение на улицата која е во надлежност на градот Скопје. При изградбата која траеше повеќе од три години неколкупати беше сменет планот како ќе изгледа сообраќајницата.

Првичното решение беше кружен тек но потоа со промена се изгради раскрсница со 5 пешачки острови без доволно сообраќајни знаци и без семафор.

Превртен автомобил на среде булевар – сообраќајка во близина на ОУ „Љубен Лапе“ и СВР Скопје во Аеродром

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Престрелка во Чаир, едно лице е повредено

Дејан Дејан

Мицкоски: Нема да паднеме во замката на Бугарија да бидеме вовлечени во нејзиното предизборие

Дејан Дејан

Продаваат пелети како словенечки, а немаат врска со Словенија – директорот на ДПИ со предупредување до граѓаните

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе