Вести Македонија

Арсовски во Топ Тема: Очигледно е дека и во СДСМ и владината коалиција превагнува ставот дека споени избори се добро решение

Принципиелно не е добро да се прават избори по барање на опозиција или одлука на власт, генерално треба да се држиме да имаме избори на 4 години, да се има мандат, затоа што тоа е предвидливо за бизнисите, за сите, како еднакво поле на натпревар, вели политичкиот аналитичар Петар Арсовски во вечерашната Топ Тема.

Арсовски смета дека имајќи предвид дека 8 мај влегува во терминот на регуларни избори, тешко ќе биде за СДСМ да аргументира дека тие треба да се одвојат за само неколку месеци.

  • Очигледно е дека и во СДСМ и владината коалиција превагнува ставот дека споени избори се добро решение и во таа смила политичките партии е важно да постигнат консензус, за ниту една партија да тврди дека со датумот е изигран изборниот процес, вели Арсовски

Но, политичкиот аналитичар Сефер Селими смета дека сепак ќе се врати идејата за двојни избори.

  • Со оглед на тоа во каква политичка состојба се наоѓа земјата и со какви политичари имаме работа, затоа што има многу неодговорени прашања, и многу индикации кои треба да покажат каде се движи држвата, па така претседателските избори се на некој начин индикатор според кој можеме да предвидиме што ќе се случува, можните калкулации за идни коалиции. Не сметам дека одлуката за конкретен датум е завршена приказна, вели Селими.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура

Дејан Дејан

Нетанјаху замина да разговара со Трамп за прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Полска воведува гранични контроли со Германија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе