Вести Код Македонија

КОД: Вработен во Лотарија е сопственик на веб сајтот кој политички ја „напаѓа“ претседателката на Врховен суд

По опозициските обвинувања дека зад медиумските напади врз Беса Адеми, претседателката на Врховниот суд, стојат вицепремиерот Артан Груби и директорот на Лотарија Перпарим Бајрами, КОД истражуваше дали навистина има медиуми во министерството за политички систем. Еден од веб порталите кој ја напаѓаше Адеми откако таа се пожали на политички притисок за аболициите на Иванов, е регистриран на име на вработен во Лотарија.

Дали политички притисок врз врвот на судството доаѓа од Лотарија преку зграда на министерство. Опозициско обвинување без докази или злоупотреба на државни ресурси.

Граѓаните се верни на игрите на среќа и веруваат дека ќе добијат. Трошат стотици милиони евра секоја година бркајќи добивка на спортска или на рулет.

Куќата секогаш добива- државна Лотарија за десет месеци има профит од речиси 9 милиони евра. Ама и многу троши. Милиони на тендери и кирии. Има ли контрола на парите за јавни набавки.

Во КОД вечерва и за набавките во Лотарија, контроверзните изнајмувања на објекти на периферија на Скопје, како и пресметката колку пари граѓаните трошат надевајќи се на добивка на спортска прогноза, на рулет или на апарати.

КОД е во редовниот термин во 19:15, вечерва на ТВ Телма.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гала концерт „Од MOБ за Скопје“ на плоштадот „Мајка Тереза“

Дејан Дејан

Родителите на жртвите од „Пулс“ во понеделник ќе чекаат одговори од надлежните за нивните барања

Дејан Дејан

Семејствата на жртвите од „Пулс“ не веруваат на институциите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе