Кошарка Спорт

МЗТ го совлада Борац Бања Лука: Петмина „металци“ имаа двоцифрен ефект во нападот

Кошаркарите на МЗТ Скопје ја запишаа третата сезонска победа во АБА2-лигата откако денеска на турнирот во Златибор го совладаа составот на Борац Бања Лука со 67-61 и сега го дели врвот на табелата.

Македонскиот шампион имаше водство во текот на целиот натпревар. КЛучна се чини беше третата четвртина, што МЗТ ја доби со 30-17 и дојде до највисоката предност од +19 поени. Во последните 10 минути Борац успеа да намали, но недоволно за да направи голем пресврт. МЗТ се радуваше на победа од 67-61, а во својот состав имаше дури пет кошаркари со двоцифрен ефект во нападот. Најефикасен беше Војдан Стојановски со 15 поени.

Со овој триумф МЗТ има ефект од 3 победи и два порази во досегашниот тек од сезоната и го заврши турнирот во Златибор. Следниот турнир е во Шибеник, кога македонскиот првак ќе ги одмери силите со Подгорица и Спартак Суботица. Утре во рамки на актуелното 5.коло, ТФТ Скопје игра со Хелиос Домжале, додека Пелистер ќе ги одмери силите со Златибор.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трапановски: Со добар тактички пристап против силата и квалитетот на Белгија

Дејан Дејан

Мекларен повторно доминантен: Пјастри пред Норис во Шпанија

Дејан Дејан

Манчестер јунајтед го потврди првото засилување

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе