Кошарка Спорт

Нов трипл-дабл на Јокиќ, но Денвер загуби од Њу Орлеанс

Во најквалитетната кошаркарска лига утринава повторно се играа натпревари во рамки на НБА-купот. Да ги видиме најинтересните пресметки.

Никола Јокиќ повторно одигра уште еден феноменален натпревар, но Денвер загуби со 115-110 на гостувањето кај Њу Орлеанс. Српскиот центар имаше фантастичен трипл-дабл со 26 поени, 18 асистенции и 16 скока. Кај Пеликанс, Зајон Вилијамсон имаше 26 поени.

Лос Анџелес лејкерс имаат 3-0 во групата А во Купот откако утринава славеа на гостувањето кај Портланд со 107-95. Леброн Џејмс имаше 35 поени, додека Ентони Дејвис запиша 16 поени и 14 скока во шестиот пораз по ред на Блејзерс сезонава.

Клиперс конечно ја прекинаа ужасната низа од шест порази по ред и славеа со 106-100 против Хјустон. Каваи Ленар имаше 26 поени, Џејмс Харден запиша 24, а Пол Џорџ 23.

НА ОСТАНАТИТЕ НАТПРЕВАРИ
Шарлот – Милвоки 99-130
Вашингтон – Њујорк 99-120
Атланта – Филаделфија 116-126
Кливленд – Детроит 108-100
Сан Антонио – Сакраменто 120-129
Торонто – Бостон 105-108
Чикаго – Орландо 97-103
Јута – Феникс 128-131

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трапановски: Со добар тактички пристап против силата и квалитетот на Белгија

Дејан Дејан

Мекларен повторно доминантен: Пјастри пред Норис во Шпанија

Дејан Дејан

Манчестер јунајтед го потврди првото засилување

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе