Вести Македонија

Партиите уште немаат договор кога ќе се одржат изборите

Уште стои отворено прашањето за изборните термини. Во ДУИ велат дека треба да се отвори дијалог и да се постигне консензус. Но, портпаролот Бујар Османи јасно кажа дека се приврзаници на двојни избори во ист ден, а вицепремиерот Артан Груби го потврди тоа низ календарски пресметки за 100-те дена на Техничката Влада. Не верува дека Алијанса или некоја друга партија сериозно планира напуштање на  власта

Вицепремиерот Бојан Маричиќ исто така очекува договор, но нагласува дека тоа ќе биде во редовните термини и кон средината на наредната година.

За ВМРО ДПМНЕ, тоа е знак дека и СДСМ ќе се согласи на заеднички датум. За нив, `се уште е жива и можноста за предвремени парламентарни избори.

За опозицискиот блок на Албанците, гаранција за чесни избори, кога и да се одржат, е да имаат членови во изборните органи. По правилото: 4 члена од власта и тројца од опозицијата, бараат празното место  да биде пополнето со нивниот кандидат Абдуш Демири.

Изборите треба да ги распише спикерот Талат Џафери. Повеќе пати потсетува дека редовни двојни избори може да има само во периодот од 5 до 8 мај. Претседателски може и на 14 март, а парламентарни и на 15 јули. Најави дека ако нема договор до Нова Година, тој ќе пресече и ќе ги спроведе своите надлежности.

Соња Николовска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гала концерт „Од MOБ за Скопје“ на плоштадот „Мајка Тереза“

Дејан Дејан

Родителите на жртвите од „Пулс“ во понеделник ќе чекаат одговори од надлежните за нивните барања

Дејан Дејан

Семејствата на жртвите од „Пулс“ не веруваат на институциите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе