Вести Македонија Топ вести

Во камион со грчки таблици пронајдени шест мигранти од Ирак, запленета и стоката и камионот

Мобилен тим при Секторот за контрола и истраги спречи нелегален влез на шест мигранти со потекло од Ирак при контрола на товарно моторно возило на влез на граничниот премин Богородица. Притоа поради оштетување на царинските обележја запленета е и стоката и товарното моторно возило во коешто се криеле мигрантите, информираат од Царинската управа.

Случајот е откриен откако инспекторите од Одделението за оперативните работи при селекција за детален преглед на возилото забележаа преправки во фабричката надворешна конструкција на возилото, со што се овозможува вадење на сајлата и отворање на церадата без да се оштети царинската пломба. Станува збор за товарно моторно возило со грчки регистарски таблички управувано од грчки државјанин.

Со отворање на церадата во товарниот дел меѓу стоката која се превезувала се откриени шесте мигранти, при што истите се предадени на Министерството за внатрешни работи.

Стоката или вкупно 23 тона компот од праски, влекачот и полуприколката со вкупна вредност од 2,3 милиони денари привремено се одземени. До Основниот суд во Гевгелија поднесени се и соодветни прекршочни постапки поради прекршување на член 267 и 269 од Царинскиот закон.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се гасне пожарот во реонот на Блаце

Дејан Дејан

Двомесечен прекин на огнот како преодна фаза кон траен мир во Газа – Нетанјаху на средба со Трамп во Вашингтон

Дејан Дејан

Се урна дел од надстрешница на „Кнез Михајлова“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе