Сојузот на пензионери „Пензионери за достоинствен живот“, кој изминатиот период организираше протести низ државата, предлага законски решенија со кои ќе се исполнат нивните барања, односно линеарно усогласување на пензиите, наместо процентуално, најнизок износ на пензија, ослободување од учество за лекување и сл.
Вчера до претседателот на Собранието поднеле Иницијатива за донесување на Закон за изменување и дополнување на Законот за пензиско и инвалидско осигурување и Закон за дополнување на Законот за здравствено осигурување со предлог – закон по скратена постапка.
Пензионерите не се откажуваат од нивните барања. Повикуваат на поддршка од пратениците, а во меѓувреме собираат и потписи.
Претставници на пензионери од повеќе градови денеска во Тетово го одржаа четвртиот состанок, на кој ги договорија следните активности за натамошно делување.
Данијела Билбилоска