Вести Македонија

Гаши: Претстојните избори ќе бидат со „црно-бело“ гласање – во едниот блок ќе биде ДУИ, во вториот ние

Ако имате политичка партија која 20 години е на власт и ги користи сите алатки на власта – и судство, и полиција, и обвинителство, и пари од казина и од црн пазар за да направат клиентелистичко избирачко тело кај Албанците, нормално е дека мал грст на луѓе кои имаат поголема политичка свест, не можат да дадат голем отпор на таков бран на напад кој го прави ДУИ, вели Африм Гаши, претседател на Алтернатива, во вечерашното интервју во „Вин-Вин“ на ТВ Телма.

„Мислам дека ова што го правиме, со спојување на трите политички партии во опозиција, е добар и голем пример дека, сепак, сме нашле енергија да се надминеме себеси, да ги погазиме нашите суети, да се споиме и да бидеме реална алтернатива на неклиентелистичкиот гласач кој сака промени од 2011 година. Албанскиот гласач гласа против ДУИ, но поради расколот што се случува постојано или поради повеќето листи кои излегуваат на избори, ДУИ успева да остане со поголем број на пратеници“, смета Гаши.

Тој верува дека на претстојните избори ќе има, како што рече, „црно-бело“ гласање.

„Значи два блока. Во едниот блок ќе биде ДУИ со неговите партии кои и да бидат тие и во вториот блок ќе бидеме ние и ќе ја држиме вратата отворена за оние кои сакаат промена. Кој и да оди сам, нема да влезе во таа „црно-бела“ слика и ќе остане сивило. Албанскиот гласач е поделен на ДУИ кој ја претставува лошата статус-кво и оваа албанска опозиција која сака промени“, смета Гаши.

Поради големото поларизирање на македонското општество, Гаши смета дека кај граѓаните постои висок степен на политичка свест.

„Гласачите точно знаат што сакаат. Зборам за гласачот на Алијанса. Тој 30 години гласа против ДУИ и мислам дека тој гласач ќе сака промени и ќе сака да ја види ДУИ во опозиција. Алијанса треба да бидат умешни и да го слушнат гласот на нивните гласачи“, истакна првиот човек на Алтернатива.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура

Дејан Дејан

Нетанјаху замина да разговара со Трамп за прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Полска воведува гранични контроли со Германија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе