Вести Македонија Топ вести

Апелација се засили, кривичен се скуси со судии – предметите „Ласкарци“, „Титаник“ и „Талир“ под закана за застарување или враќање на почеток

Нов почеток или дефинитивен крај? – Излетувањето на автобусот во кој загинаа 16 патници сè поизвесно е дека нема да дочека судски епилог. Предметот влезе во кривичен во 2019-та, но кривичните дела ќе застарат ако постапката почне одново. Ова ќе се случи со заминување на судијката Александра Ристовска која го води предметот во повисокиот Aпелационен суд, откако ја доби поддршката на советот. Матичниот суд на Ристовска се противи. Бара да остане додека предметот не заврши.

„Основниот кривичен суд Скопје денеска се обрати до Судскиот совет со барање судијата Александра Ристеска која, меѓу другото, постапува и како член на совет во предметот поврзан со автобуската несреќа кај с. Ласкарци да биде времено делегирана во Кривичниот суд се до објавување на првостепената пресуда за конкретниот предмет. Судењето за автобуската несреќа кај с. Ласкарци е во фаза на завршни зборови за што веќе се насочени четири продолженија во текот на тековниот и наредниот месец. Барањето е со цел економичност и целисходност на постапката, како и спречување на непотребни одолговлекувања, имајќи предвид дека со промена на судечкиот совет предметот може да почне од почеток со изведување на сите вербални и писмени докази како и сите вешти наоди“, се наведува во барањето на судски совет.

Воедно, судот бара од совет во најкус рок да ги делегира и останатите двајца судии кој добија пас за Апелација. Осман Шабани да продолжи со „Титаник“ и „Талир“, а Весна Димишкова во одделението за Претходна постапка. Од советот велат да се исцрпи жалбената постапка, па одлука потоа.

„Одлуката за изборот на новите апелациони судии не е правосилна и можно е да бидат доставени и приговори. Дотогаш си работат на предметите, а доколку не се завршат до правосилноста, Судскиот совет има можност да ги делегира“, велат од Судскиот совет.

Но, по вчерашниот избор на осум судии по четворица во Граѓанската и кривичната материја во повисокиот суд, дел од неизбраните најавија жалби, но и бурно реагираа до медиумите. Судијката Оља Ристова, во допис, навести дека ќе поднесе жалба по повеќе основи, меѓу кои и дискриминација по основ на етничка припадност. Бара проверка на знаењето на англискиот јазик на кандидатите, а посочи дека и долгонајавуваната Методологија за рангирање воопшто не го подобрила изборот.

„Таа заклучува дека Судскиот совет се потрудил новата Методологија да ја прилагоди кон старите навики, а со цел да не бидат избрани најдобрите кандидати со тоа што старите навики и аномалии при изборот веќе се наградени со недобивање гласови по Бадентер, како систем на елиминација на најдобрите,“ наведува Оља Ристова во дописот до медиумите.

Прворангираните и за одделите за граѓанска и за кривична материја не го добија потребното мнозинство. Не беа избрани ниту судијата Лазар Нанев, ниту Елизабета Настов. Дека нешто не чини во методологијата на рангирање на самата седница реагираа и дел од членовите.

И експертите со реакција за состојбите во судски совет. По првата со министерот за правда, работната група предводена од академик Владо Камбовски преоѓа во акција за итни измени на законот за судски совет.

Сега на потег е судски совет, кој треба да постапува по жалбите на кандидатите кои не ја добија довербата за Апелација, но и одлука дали по укажувањето на дел од членовите ќе формираат работна група за менување методологијата за оценувањето на кандидатите. Методологија која беше најавувана како новина и реформа на судски совет со цел зајакнување на транспарентноста.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Родителите на починатите деца од пожарот во „Пулс“ чекаат одговор на барањата

Дејан Дејан

Трамп испраќа писма со нови царини до трговските партнери

Дејан Дејан

Уште едни неуспешни преговори за прекин на огнот помеѓу Хамас и Израел

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе