Вести Македонија Најважни

Имотот на Мијалков причина за политички закани за Дритон Небиу?

На закани и обиди за попречување за продажба на конфискуваниот имот на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков се пожали денеска првиот човек на Агенцијата за управување со одземен имот, Дритон Небиу. Во моментов на аукција се ставени четири недвижнини кои беа во сопственост на Мијалков во вредност од 330.000 евра. Станува збор за три стана и еден гаражен простор кои му беа одземени со правосилна пресуда за случајот за перење пари Империја.

Небиу избегна официјално да го посочи името на Мијалков и кој конкретно ги упатил заканите, но порача дека нема да дозволи да се спречи продажбата на имотот.

Обидот да не заплашите е на погрешна адреса. Ништо не не заплашува и нема да застанеме се додека правдата не дојде на вистинско место“, рече Дритон Небиу, директор на Агенцијата за управување со одземен имот.

Заканите, како што рече, се пријавени во надлежните институции.

„Јас сум подготвен да ги бранам интересите на државата и граѓаните, како и да водам сметка за сигурноста и безбедноста вработените државни службеници во агенцијата“, рече Небиу.

Тој притоа апелираше јавноста да се пријави на аукцијата за имотот.

Агенцијата за управување со одземен имот во септември продаде вкупно три одземени недвижности на Мијалков. Два стана во Охрид и едно земјиште. Во буџетот беа инкасирани 244.000 евра.

Во случајот „Империја“, Сашо Мијалков призна вина и се спогоди со Обвинителството, а казната беше три години затвор и конфискуван имот во вредност од околу 30 милиони евра.

Марија Митевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бензините поевтинуваат за денар и половина, дизелот поскапува за половина денар

Дејан Дејан

Изгоре човек во пожар кај Ѓорче Петров

Дејан Дејан

Се гасне пожарот во реонот на Блаце

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе