Вести Македонија Топ вести

Груби не се гледа во премиерска фотелја, ќе седне ли таму жена?

Вицепремиерот Артан Груби нема амбиции да се искачи една скала повисоко. За позицијата технички премиер, вели, во ДУИ има цел базен на соодветни кадри, и жени и мажи, кои би можеле да се справат со предизвикот.

Не е првпат Груби да ги спомне и жените во овој контекст, со што остава простор за шпекулации дека е можно 100 дена пред изборите, техничката влада  да ја предводи премиерка.

Тој не верува дека Алијанса за Албанците ќе ја напуштат владата, особено затоа што изборите се блиску. Напротив, очекува да соработуваат и на следните избори. Таравари, пак, вчера повтори дека не прифаќаат заеднички листи со ДУИ и не ја исклучи можноста да заминат во опозиција.

За ова ќе разговараат партиските органи, а ќе се консултираат и со амбасадори, затоа што, вели, овде веќе „не се знае кој со кого работи“ и им требаат инструкции за да знаат кој пат да го фатат.

Од Демократскиот сојуз ја поздравија најавата на Алијанса дека „не сакаат и понатаму да бидат патерица на ДУИ и се приклучуваат на определбата на опозиционите партии за што е можно побрзо паѓање на актуелната Влада и организирање на избори“.

Сметаат дека во Собранието има мнозинство пратеници кои можат да донесат одлука за распуштање на Парламентот, со што ќе се создадат услови за одржување на вториот круг претседателски и парламентарни избори во ист ден.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Рашче под притисок, дивите приклучоци го уништуваат капацитетот

Дејан Дејан

Разговори за можно примирје во Појасот Газа во Белата куќа- Нетанјаху на вечера кај Трамп

Дејан Дејан

Продолжуваат спасувачките напори во Тексас – над 100 загинати

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе