Дека ќе нè буцкаат, секогаш ќе нè буцкаат, нашиот Закон за спорт е донесен пред многу години, има претрпено 20 измени, било да се козметички или суштински, но пак доаѓаме до конечната цел дека тој нема функционалност, изјави Иван Анастасовски, универзитетски професор, во вечерашното издание на „Топ тема“ на ТВ Телма.
„Ако имате така нефункционален Закон, треба да се седне во поширок состав, со повеќе институции и да се разговара за начините како да се дојде до најдобро законско решение. Членот 165 или спортски член, како што го нарекуваат во Европската унија во кој се вели дека Унијата преку него сака да придонесува за промоција на европскиот спорт. Европската унија ја има во предвид специфичната природа на спортот што е многу важно. Работите во нашиот македонски спорт се уредуваат преку десетици закони – трговски друштва, Здружение на граѓани, итн. Нема класична систематизација“, истакна Анастасовски.
Тој потсети дека македонскиот Закон за спорт е од, отприлика, 80-тина члена, но не верува дека ИОК ќе го суспендира македонскиот спорт. Според него, целта на потсетувањето на ИОК е малку посериозно да ги сфатиме процесите.