Вести Македонија Топ вести

Приватните превозници сè уште не ги добиле ветените субвенции од Арсовска

Приватните превозници ќе чекаат до вторник да бидат одобрени средства на седница на Град Скопје за да им бидат исплатени заостанатите средства. Од одлуката во вторник ќе зависи дали ќе продолжат со работа или повторно ќе излезат на улица да протестираат.

Според информации на Телма, им било ветено дека советниците ќе ги изгласаат субвенциите за ЈСП со кои би се покрил и долгот кон приватните превозници. Приватните превозници пред околу половина година почнаа повторно да сообраќаат и да ги опслужуваат граѓаните откако се договорија со Арсовска да им ги исплати средствата кои ЈСП им ги должел претходните години и им вети дека ќе им даде субвенции со кои ќе треба да го обноват возниот парк. Тие субвенции до сега не ги добија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ферати обвинетиот го осудил со максималната дозволена казна затвор, реагираат од подружницата на Здружението на судии во Основниот суд Тетово

Дејан Дејан

Oбјавен пакетот повици во рамките на програмата „Дигитална Европа“

Дејан Дејан

(видео)Марковски: Мостот на Пчиња во Куманово е ризичен

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе