Вести Македонија Топ вести

Акцелератор купен пред седум години ќе проработи на Онкологија до јануари – терапија има до Нова година и ќе се чека новиот буџет

Купен пред седум години, а сега допрва чека да го види светлото на денот. Лоциран е во овој таканаречен „Бункер“ во болницата, а овде пациентите ќе добиваат третман според современи и модерни методи.

Инсталацијата на новиот акцелератор на Клиниката за онкологија веќе трае, а ќе профункционира најдоцна во јануари.

Со тоа, Онкологија ќе има на располагање четири акцелератори кои ќе бидат наменети за потребите на тешко болните пациенти.

Дополнително, се работи на повторна интеграција и на КАТО-системот, но за тоа ќе се почека.

„За три месеци ќе проработи акцелераторот. А, за КАТО-системот одблизу и со претставниците на компанијата имавме неколку онлајн состаноци и тие нѐ уверуваат дека во јуни ќе може да почне со функционирање системот. Затоа што знаете дека кога првпат почнал системот тогаш имало и кадри. Тие кадри веќе не се во клиниката. И ние веќе работиме на тоа да оспособиме кадри“ вели министерот за здравство, Фатмир Меџити.

Лекови има за сите пациенти – барем до Нова година. Буџетот за терапиите е недоволен велат од Клиниката.

Од Фондот за здравствено осигурување сега се на потег, новиот буџет за догодина да се скрои според реалните потреби.

„Во очекување сме во периодот којшто претстои да бидеме повикани во Фондот за здравствено осигурување во врска со преговори за буџетот за идната година. Ние веќе сме подготовени и ја имаме реалната потреба на нашата клиника во овој момент. со неа ќе настапиме во преговорите. Јас искрено верувам дека ќе се најде разбирање. До крај на годината има терапија“ информира д-р Виолета Клисаровска, директорка на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија.

Министерот Меџити денес пред камерите на медиумите предупреди дека Онкологија, но и други болници на Клинички може да останат без кадар, доколку Министерството за финансии не одобри нови вработувања.

За недостатокот на кадар зборуваше и директорката на Онкологија, Клисаровска, која кажа дека дневно има премногу пациенти на еден специјалист.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Официјална Бугарија не се извинува туку бара извинување од Мицкоски

Дејан Дејан

Крвава пресметка на битолскиот пазар заради местоположба на тезгите – 42-годишник од зад грб се обиде да убие тезгаџија со нож

Дејан Дејан

Мапи со горливи точки објави ЦУК – централниот дел на земјава под висок ризик од пожари

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе