Наместо по должност да отвори очигледен предмет за Државна Лотарија, ЈО со Љубомир Јовески повторно молчи и се крие, надевајќи се дека ДУИ ќе го донесе Јовески за Уставен судија, а СДС ќе остане уште некој ден на власт, рече портпаролот на ВМРО – ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
Според него Јавното обвинителство со Јовески наместо да гони криминалци, молкум одобрува криминал, а кога е повикано се крие зад други институции.
- Случајот Лотарија, каде директор најмува од фирма каде е ангажиран член на УО на Лотарија, двајцата од кабинетот на Груби, случајот каде фирма од кланот Зајас за 5 месеци постоење стигнува до 2.6 милиони евра, е класичен школски предмет за Јавен Обвинител, вели Стоилковски.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.