Вести Македонија Најважни

Фон дер Лајен: Клучно е да се продолжи со реформите во правосудството и борбата против корупцијата

По денешната средба со премиерот Ковачевски, претседателката ЕК Урсула Фон дел Лајен рече дека Северна Македонија е на добар пат да и се приклучи на ЕУ и дека таа со нетрпение очекува да не пречека таму.

„Неверојатно е да се види напредокот којшто Северна Македонија го постигна и решителноста да се движи напред тоа е импресивно“, рече Фон дел Лајен.

„ЕУ има долга историја на проширување и почитување на сите и секоја нација и почит за разноликоста која ја претставуваме. Северна Македонија ќе ја пречекаме со нејзиниот уникатен идентитет и со македонскиот јазик“, рече претседателката ЕК.

Разговорите со премиерот ги нарече одлични, дека земјата постигнала многу и дека треба да се продолжи со реформите.

„Свесна сум за уставните измени, првите чекори се преземени во Собранието, а политичките партии очекувам да го искористат моментот“, рече Фон дел Лајен.

Таа го образложи новиот план за развој на Западен Балкан.

„Да го отворите вашиот заеднички пазар на Западен Балкан кој има потенцијал за 10% може да го зголеми БДП, тоа е огромен чекор. Потребни ни се реформи за бизнис заедницата, ефикасна јавна администрација и клучно е да се продолжи со реформите во правосудството и борбата против корупцијата“, истакна Фон дел Лајен.

Таа потенцираше дека уставните измени се неопходен чекор на патот кон пристап во унијата.

На новинарско прашање зошто нема средба со Мицкоски, фон дел Лајен рече дека на оваа балканска турнеја таа секаде се сретнува со претседателот и премиерот на земјата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Манчевски започнува да го снима новиот филм „Збогум Копакабано“

Дејан Дејан

Официјална Бугарија не се извинува туку бара извинување од Мицкоски

Дејан Дејан

Крвава пресметка на битолскиот пазар заради местоположба на тезгите – 42-годишник од зад грб се обиде да убие тезгаџија со нож

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе